Црна хроника
Скопјанец обвинет за кражба на паричник
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против 36-годишен скопјанец за кривично дело кражба.
Обвинетиот вчера на автобуска станица на булеварот Крсте Мисирков одзел паричник од чантата на една оштетена. Во паричникот имало пари, документи, картички и други предмети, во вкупна вредност од 8.870 денари.
Бидејќи во конкретниот случај постои опасност од бегство, на обвинетиот, кој и претходно е осудуван за истородни кривични дела, надлежниот јавен обвинител до судот достави и посебен предлог за определување мерка притвор, со цел да се обезбеди непречено одвивање на кривичната постапка против обвинетото лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.