Црна хроника
Скопјанец осомничен за даночно затајување
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Н(48) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено крвично дело даночно затајување.
Пријавениот во 2016, 2017 и 2018 година, во вкупно 59 наврати реализирал приливи на девизни парични средства од повеќе физички лица од странство, по пат на користење услуги за брз трансфер на пари.
Пријавеното лице, со намера да го одбегне плаќањето на персоналниот данок, не ги пријавил како друг доход, со што го оштетил буџетот на Република Северна Македонија, а бил должен за овие износи да пресмета и плати персонален данок на доход.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.