Црна хроника
Скопјанец осомничен за трговија со дрога во Гостивар
Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против лице од Скопје на возраст од 26 години за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Осомничениот во текот на февруари набавил неодредено количество психотропни супстанции – „екстази“ и непозната бела кристална материја, кои имал намера да им ги продаде на други лица на подрачјето на Охрид и Скопје. На 1 март при претрес на осомничениот и на автомобилот во кој тој патувал со две сопатнички, на магистралниот пат Кичево – Гостивар, биле пронајдени седум таблети „екстази“ и околу 800 грама непозната бела кристална материја. Притоа осомничениот се обидел да голтне дел од таблетите. Надлежниот јавен обвинител издаде наредба за вештачење на пронајдените супстанции.
Во исто време јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување краткотраен притвор за осомничениот. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор од 48 часа.
По комплетирање на предметот со резултатите од наредените вештачења, Основното јавно обвинителство Гостивар ќе достави до судот нов предлог за определување мерки за обезбедување на осомниченото лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.