Црна хроника
Скопјанец под истрага за недозволена трговија со дрога
Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против едно лице за две кривични дела неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 55-годишник, на 25 јануари, во својот автомобил држел 24 пакувања со вкупно 8,94 грама хероин, како и две пакувања со вкупно 1,25 грам метамфетамин. Кога ги забележал полициските службеници, тој го запрел возилото на паркинг на улицата Њуделхиска и пеш се дал во бегство. Полицајците го следеле, па тој влегол во агенција за недвижности, a дрогата ја фрлил при влезот во објектот. Полициските службеници ја пронашле дрогата, а лицето го лишиле од слобода.
Во текот на постапката утврдено е основано сомнение дека истото лице на 6.10.2022 година во дом на улицата Радика во Скопје, каде што престојувал како потстанар, заради продажба држел 0,61 грам амфетамин, а истиот ден на сведок му продал 0,45 грама хероин.
Бидејќи постојат околности што упатуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори делото за кое и претходно веќе неколкупати е осудуван, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.