Црна хроника
Сообраќајна несреќа кај Струмица со возило што превезувало мигранти, загина едно лице
Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат А4 Струмица – Радовиш, делницата од Струмица до василевската крстосница.
Во несреќата учествувале патничко возило „опел астра“, сопственост на правно лице, а управувано од Е. С. (55) од Скопје, во кое имало 11 мигранти од Пакистан, патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од С. Г. (34), со сопатник С. Г. (57), и двајцата од селото Градашорци, и патничко возило „ауди“, управувано од Д. К. од Скопје, со тројца сопатници.
„Во незгодата загинал возачот на возилото ‘фолксваген пасат’, а тешки телесни повреди добиле три лица, и тоа возачот и еден сопатник од возилото ‘опел астра’ и еден сопатник од возилото ‘фолксваген пасат’, а телесни повреди добиле пет лица сопатници во возилото ‘опел астра’“, информираат од полицијата.
Увид на лице место извршија јавен обвинител и екипа од СВР Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Доживотен затвор за лице кое на свиреп начин уби жена во Кочани
По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за кривично дело – Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, при што за сторителот е изречена казна – доживотен затвор.
Обвинетиот, на 25.09.2023 година на свиреп начин лиши од живот жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож.
Во обвинението, Основното јавно обвинителство Кочани го товареше обвинетиот и за кривично дело – Уцена кон истата оштетена, сторено пред убиството. Меѓутоа тоа дело обвинетиот не го призна, постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка.
Црна хроника
Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје
Синоќа, во 20.45 часот, во Полициската станица Аеродром, К. И. (48) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден околу 14.20 часот во Полициската станица Карпош, Б. Р. (54) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк во Скопје бил каснат од куче скитник.
Вчер,а во 15.45 часот, во Полициската станица Драчево, А. Н. (52) од Скопје пријавил дека на улицата Јустинијан Први во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Возило излетало од патот Куманово – Скопје, возачот тешко повреден
Синоќа, во 19.20 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Скопје, кај с. Ново Село, Кумановско, патничко возило „сеат“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од А. З. (20) од Куманово, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од екипа на СВР Куманово.