Црна хроника
Сообраќајна несреќа на автопатот Велес-Скопје, повредено 27-годишно момче
На автопатот Велес-Скопје, по наплатната станица „Отовица“, 27-годишен скопјанец, управувајќи товарно моторно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, удрил во ограда, соопштија од полицијата.
По незгодата, со возило на итната медицинска помош Д.В. е пренесен во Општата болница во Велес, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди, велат од МВР.
На местото на настанот, како што инфомираа од полицијата, бил извршен и увид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.