Црна хроника
Со автомобил удрил во метална ограда, повредено малолетно девојче
На раскрсницата од улицата „Пионерска“ и улицата „Карпош“ во Берово, 31-годишен беровчанец со автомобил “БМВ X5“ удрил во метална ограда од двор.
Во незгодата тешко е повредена 17 годишна сопатничка, која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничката болница во Штип, а потоа во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Берово и се работи на целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возило излетало од патот Куманово – Скопје, возачот тешко повреден
Синоќа во 19.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Скопје, кај с.Ново Село, кумановско, патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.З.(20) од Куманово, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Црна хроника
Приведени крадци во Битола
Вчера, во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода К. Б. (30) и Н. Б. (41), двајцата од Битола.
При претрес во домот на К. Б., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари во разни апоени и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело тешка кражба по член 236 од Кривичниот законик.
А при претрес во домот на Н. Б., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело тешка кражба по член 236 од Кривичниот законик.
Црна хроника
Казни за 140 возачи, возеле над дозволеното
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 140 возачи.
Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 54 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.