Црна хроника
Со „ауди“ излетале од патот кај Штип – повредени петмина
Пет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчераутро на експресниот пат, на околу 7 км пред клучката кај Три Чешми.
Според информациите, тие излетале од патот со возилото „аудир а6“, кое имало германски регистарски таблички.
Во несреќата тешки телесни повреди добиле возачот и сопатниците З. П. (61) и П. П. (58), двајцата од Берово, а телесни повреди добиле Т. П. (35) од Пехчево и М. Е. (49) од Штип, констатирани во Клиничката болница во Штип.
Увид местото извршила екипа од СВР Штип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.