Црна хроника
Со возило удрил полицаец кој му ја запишувал регистрацијата
Во четвртокот, полицаец кој работел со „Пајак“ службата, додека запишувал број на регистерска табличка од неправилно паркиран автомобил, возачот го удрил со возилото.
Имено, во четвртокот, околу 10.55 часот во Тетово, додека полициски службеник работел со специјалното возило „Пајак“ на кружниот тек од ул.„Јане Сандански“ и ул.„Ѓ.Стојчевски“, забележал неправилно паркиран автомобил „Форд Транзит“ со тетовски регистарски ознаки.
Притоа, полицискиот службеник побарал документи од возачот, кој во моментот дошол, ја отворил задната врата и му одговорил дека кај него нема никакви документи и влегол во возилото.
Полицискиот службеник излегол пред возилото од десната страна со цел да ја запише регистарската таблица, но возачот го стартувал возилото и го удрил полицискиот службеник во пределот на левата нога. Истиот се јавил на лекарски преглед во Клинички центар Тетово каде му била укажана лекарска помош и констатирани му биле телесни повреди по што бил пуштен на домашно лекување.
Околу 12.25 часот Р.Ш.(69) од село Стримница дошол во просториите на СВР Тетово со цел да донесе документација во врска со неправилното паркирање и притоа во разговор со полициските службеници дознал дека при тргнување со возилото го удрил полицискиот службеник во пределот на ногата./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.