Црна хроника
Со службениот пиштол му се заканувал на братот, приведен 47-годишник од Демир Капија
Вчера полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода Т.Л.(47) од Демир Капија, затоа што со службениот пиштол, сопственост на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде што работи, му се заканил на неговиот брат.
Т.Л. бил приведен во полициска станица, а при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени пиштолот, 1 рамка со 9 куршуми 7.62 ммм и службена легитимација од Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија – Шумски полицаец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.