Црна хроника
Спречен обид за шверц на марихуана на граничниот премин Табановце
Царинските службеници од граничниот премин Табановце во средата спречија обид за шверц на 18 килограми марихуана, соопштуваат од Царинската управа.
Имено, во средата околу 6 часот наутро, на граничен премин Табановце за излез од Македонија се пријавило патничко моторно возило со албански регистарски ознаки, сопственост и управувано од лицето П. Ш., албански државјанин.
На прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави одговорил дека нема ништо за пријавување, но и покрај тоа бил селектиран за контрола. При прегледот во багажниот простор од возилото била пронајдена плинска боца во која биле сокриени 15 вакумирани пакетчиња облепени со проѕирна селотејп трака наполнети со марихуана со вкупна тежина од околу 18 килограми.
Од предистражната постапка, спроведена од инспектори од Одделението за истраги, произлегува дека осомничениот марихуаната ја купил во Албанија и преку Македонија истата требал да ја однесе во Германија за одреден паричен надомест.
Против сторителот, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство, а судијата на претходна постапка му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.
Од Царинската управа информираат за уште еден случај на заплена на дрога од изминатиот месец, имајќи во предвид дека истрагата во земјата е целосно завршена. На 17-ти декември 2016-та година царинските инспектори од Одделението за оперативни работи во соработка со Министерството за внатрешни работи, во товарно моторно возило натоварено со ПВЦ прозори пронајдоа околу 70 килограми марихуана.
Во царинскиот склад Дени Интернационал Скопје, бил направен преглед со помош на царинско куче на товарно моторно возило со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето А.С. од Скопје. Возилото пријавено за транзит низ Македонија, било натоварено во Косово со две кујни и 32 парчиња комплет ПВЦ прозори, а со крајна дестинација Швајцарија.
При контролата, царинските инспектори во 30 парчиња ПВЦ прозори, поточно во средишниот дел од ПВЦ профилите, пронајдоа марихуана со вкупна тежина од 70 килограми. Сите изготвени документи, дрогата и лицето беа предадени на службени лица од Министерството на внатрешни работи за понатамошно постапување./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.