Црна хроника
Србинка крадела накит во Гостивар и го продавала во Белград
Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против српска државјанка за која постои сомневање дека украла накит од три куќи во гостиварско во кои гостувала. Се сомничи дека извршила кражби во вредност од околу 10 илјади евра.
„К.З.Б. (32) од Белград на 9 април во 14 часот во Гостивар, во куќата на М.Д.(30), каде била на гости, одзела златен накит. Настанот бил пријавен, а златото биле пронајдено и К.З.Б. била лишена од слобода“, соопшти МВР.
Другата кражба, Србинката ја извршила на 4 декември додека била на гости кај М.Д., од каде одзела златен накит, кој потоа го продала во продавница за откуп на злато во Белград.
„Златен накит таа украла и во ноември 2017 година додека била на гости во куќата на В.Д. (55) во гостиварското Ново Село. Накитот, исто така, го продала во продавница за откуп на злато во Белград“, дополнува МВР за вториот случај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.