Црна хроника
Крадец од Србија фатен сред бел ден додека обивал луксузен автомобил
Обвинителството отвори истрага и бара притвор за српски државјанин кој се сомничи дека се обидел да украде „ренџ ровер“, на улицата Орце Николов во Скопје. Осомничениот заедно со уште едно засега непознато лице со провалување се обидел да го одземе автомобилот, кој во моментот бил паркиран, јавија од обвинителството.
Возилото било во сопственост на компанија, а осомничениот го скршил задното стакло по што со електронски уред за декодирање и клуч за стартување се обидел да го стави возилото во погон. Во тој момент од блискиот угостителски објект излегол сопственикот и го затекнал осомничениот во возилото, со што го спречил во намерата да го украде.
Се работи за автомобил во вредност од 6.241.800 денари, јави обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.
„Јавниот обвинител ценеше дека притворот е единствена соодветна мерка за да се обезбеди присуство на осомничениот во текот на истражната постапка, особено со оглед на тоа што се работи за српски државјанин за кого постои информација дека е предмет на национална потерница на српските државни органи“, додавааат од обвинителството за овој случај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.