Црна хроника
Средовечен маж на улица во Скопје вршел полови дејства пред деца
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против 60-годишен маж осомничен за кривично дело задоволување полови страсти пред друг.
„Шеесетгодишниот жител на село Миладиновци е осомничен дека на 3 февруари, на улицата Беровска, во Скопје вршел полови дејства пред три деца што не наполниле 14 години. Настанот го забележал сведок, кој реагирал и го избркал обвинетиот од местото“, се наведува во соопштението на Обвинителството.
Јавен обвинител до судот достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и веројатност да го повтори делото.
„Наведените околности упатуваат на тоа дека нема услови за определување поблага мерка за обезбедување негово присуство во текот на постапката, особено ако се има предвид тежината на предметното кривично дело и можната казна од над 4 години затвор“, оцени надлежниот јавен обвинител.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.