Црна хроника
Српски државјанин фатен на граница како превезува мигранти
Српски државјанин фатен како превезува мигранти на граничниот премин Стар Дојран.
Според информациите, М.К.(47) од Србија возел товарно возило со приколка, а во него биле пронајдени 20 мигранти од Сирија.
Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Допирал по телото малолетно девојче: уапсен 50-годишен маж од Албанија
Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчеравечер околу 20 часот на улица „ Гоце Делчев“ во Гостивар го лишиле од слобода 50-годишниот А.Т. од Република Албанија.
Тој претходно бил пријавен од 54-годишен гостиварец дека на 14-ти и 15-ти овој месец во Гостивар, во два наврати, и се доближувал на неговата малолетна ќерка и ја допирал по телото.
А.Т. е задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.
Црна хроника
Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведени три лица
По преземените мерки и добиени сознанија дека подолг период врши продажба на дрога на зависници во Скопје, на 18.3.2024, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, во координација со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, со судска наредба извршиле претрес во домот и други простории на Г. П. (45) од Скопје.
При претресот биле пронајдени и одземени хероин, дигитална вага, повеќе предмети со остатоци од хероин и повеќе други вредни предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Исто така, при претресот во домот на Г. П. бил затекнат и Д. Ж. (46) од Скопје.
Двајцата биле лишени од слобода. Претходно, од слобода бил лишен и З. Д. (50) од Скопје, кој во текот на денот бил во домот на Г. П. и користел хероин. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Охриѓанец се однесувал агресивно кон полицајци, тврди дека полицијата употребила сила кон него
Вчера, во 14.25 часот, на улицата Марко Цепенков во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Ј. М. (46) од Охрид, кој се однесувал агресивно кон полициски службеници што извршувале службени дејства.
При приведувањето бил извршен преглед кај него, при што била пронајдена и одземена марихуана.
Во врска со настанот Ј. М. пријавил дека при преземањето мерки кон него полициските службеници употребиле прекумерна сила, при што добил тешки телесни повреди.
За настанот биле известени јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.