Црна хроника
Старец почина откако го удри автомобил
На регионалниот пат Скопје-Велес на раскрсницата со село Трубарево вчера попладнето автомобил удри во 84-годишен стрец, кој поради тешки телесни повреди, синоќа починал на КАРИЛ.
Несреќата се случила кога автомобилот марка „шевролет спарк“ удрил во старецот од село Трубарево. Поради сериозноста на повредите, констатирани на комплекс-клиниките „Мајка Тереза“старецот бил пренесен на КАРИЛ каде што синоќа починал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсена жена во Гостивар, ограбила продавница
Вчера во 13.15 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ја лишиле од слобода 47-годишната С.Ѓ., која непосредно пред тоа во трговски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар противправно одзела неколку предмети, извести МВР.
Одземените предмети биле вратени во објектот, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела
По преземени оперативни мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип расчистија седум кривични дела, од кои пет кривични дела „тешка кражба“ и две „тешка кражба“ на дрзок начин извршени на територијата на Кочани од угостителски и продажни објекти и една од физичко лице, извести МВР.
„Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на делата, на 27.03.2024 од слобода бил лишен Е.Р.(37) од Кочани. Во службен разговор во полициска станица тој ги признал кривичните дела, а поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случаите, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Тетовец ја истепал сопругата
Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер околу 21 часот и 35 минути во Тетово го лишиле од слобода 40-годишниот тетовец М.Е.
Тој претходно бил пријавен од неговата 43-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал.
Задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, соопштија надлежните.