Контакт

Црна хроника

Сузбиена организирана криминална група, која шверцувала хероин во Хрватска

Објавено пред

Денеска (29.9.2022), полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, како и СВР Тетово – ОВР Гостивар и СВР Куманово, во раните утрински часови спроведоа координирана акција по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на четири локации на подрачјето на Тетово, Гостивар и Куманово, при што лишени се од слобода три лица.

dobivaj vesti na viber

Имено, оваа акција беше реализирана по повеќемесечна паралелна криминалистичка истрага на припадниците на Одделот за криминалистичка полиција со полициските службеници од хрватската полиција – Оддел за борба против криминалитет – дрога од полициската управа во Истра и Националниот уред за сузбивање корупција и организиран криминалитет на Р. Хрватска.

Истрагата беше во координација и соработка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и хрватскиот Уред за сузбивање корупција и организиран криминалитет (УСКОК) – Ријека, а со логистичка поддршка на Канцеларијата на ГИЗ, за меѓународно злосторничко здружение составено од наши и хрватски државјани што шверцувале хероин, при што секој припадник имал посебна улога во набавка, продажба, чување, транспортирање и посредување во купопродажби на хероин на подрачјето на Истра, Далмација и Загреб и на тој начин на подрачјето на Хрватска извршиле продажба на 4,2 кг хероин, при што биле лишени од слобода повеќе лица.

На 23.9.2022, во заедничка акција на хрватската и македонската полиција, во која учествуваа и јавни обвинители од ОЈО за ГОКК и полициски припадници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на подрачјето на Хрватска, беа запленети 3,9 кг хероин при претрес на дом во Загреб и беа лишени од слобода пет лица, и тоа еден македонски државјанин Б. Џ. (43) с. Синичане, Тетовско, и четворица хрватски државјани на возраст од 42, 47, 49 и 66 години.

Групата неовластено пуштала во промет хероин на илегалниот пазар за дрога во областа на Далмација од септември минатата година, а дрогата преку разни канали била пренесувана од нашата држава до територијата на Република Хрватска.

Во денешната акција, по претходно добиена наредба за претрес од судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, извршен е претрес во домот на Б. Џ. од Синичане, кој е веќе уапсен на територијата на Хрватска, при што биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.

При претрес кај А. М. (50) од с. Опае, Кумановско, пронајдени се еден пиштол, 50 куршуми, поголема количина кокаин, пакувања со марихуана, електронски уред за мешање дрога, парични средства во денари и евра, повеќе потврди за извршени финансиски трансакции и други предмети поврзани со кривичното дело.

При претрес кај С. И. (74) од Гостивар пронајден е еден пиштол ТТ во калибар 7,62 мм со 168 куршуми во калибар 7,62 мм и други предмети поврзани со кривичното дело. При претрес кај Е. Н. (63) од с. Синичане пронајдена е документација за извршени финансиски трансакции и други предмети поврзани со кривичното дело.

Како што соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ-Талевска, трите лица се лишени од слобода, а од страна на МВР ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поради постоење сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по чл.  215 ст. 3 и кривично дело злосторничко здружување по чл. 394 од Кривичниот законик.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга

Објавено пред

Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.

dobivaj vesti na viber

„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички

Објавено пред

Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.

dobivaj vesti na viber

По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија

Објавено пред

Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.

dobivaj vesti na viber

На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија7 часа

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Ние водиме позитивна кампања, кампања на проекти, кампања на надеж, кампања која ќе ја врати довербата во институциите по шест...

Македонија7 часа

(Видео) „Нема откажување од иднината“ – СДСМ и коалицијата „За европска иднина“ го означија почетокот на кампањата за парламентарните избори

Со настан во Музејот на современа уметност, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Kоалицијата за европска иднина, го означија почетокот на...

Македонија8 часа

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија8 часа

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија8 часа

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија11 часа

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет12 часа

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Свет12 часа

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Украинскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека ќе има трета светска војна доколку Украина ја загуби војната со Русија, апелирајќи до...

Македонија22 часа

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ1 ден

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија1 ден

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ1 ден

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија1 ден

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија1 ден

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија1 ден

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија1 ден

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион1 ден

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...

Свет1 ден

ОН се обидуваат да го спречат гладот ​​во Газа: „Постојано некои нови проблеми“

Обединетите нации(ОН) се уште се борат да се обидат да го спречат гладот ​​во Појасот Газа. Иако има одредено подобрување...

Македонија1 ден

Мицкоски: 13-ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ, за „Соравија“, за грабежот – тоа значи дека го прифаќа

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот,...