Црна хроника
Тепачка за паркинг-место во населба Аеродром
На булеварот Јане Сандански во населбата Аеродром, на паркинг дошло до тепачка меѓу неколкумина. Според информациите, до тепачката дошло кога на 53-годишен жител на Арачиново, кој бил во неговиот автомобил заедно со 36-годишна пријателка од Скопје, им бил попречен патот од друго возило бидејќи истиот подолго време се задржал на паркингот и возилата позади него почнале да свират.
Откако Н.С. излегол од возилото со неговата пријателка по куса расправија настанала тепачка помеѓу нив од една страна и Д.П.(29), М.П.(33) и В.П.(47), сите од Куманово од друга страна.
На В.П. ѝ била укажана лекарска помош од страна на лекар од Итна медицинска помош. По преземени мерки, против лицата се издадени записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.