Топ
Тепачка со ножеви во скопски автобус, тројца малолетници завршија во болница
Тројца малолетници завршија во болница по тепачка што се случи попладнево во автобус со број 56.
Меѓу повредените е 16-годишно момче, кое со убодни рани било донесено на комплексот клиники „Мајка Тереза“, а другите двајца малолетници, според информациите од полицијата, се пренесени во Градската општа болница „8 Септември“.
Од МВР велат дека полициските службеници излегле на увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Се судрија два воени хеликоптери во Малезија: загинаа сите членови на екипажот
Два малезиски воени хеликоптери се судрија и се урнаа за време на тренинг вежба, при што загинаа сите 10 членови на екипажот, соопшти морнарицата.
Несреќата се случила во поморска база во северната држава Перак за време на проба за прослава на 90-годишнината од формирањето на морнарицата во мај, се вели во краткото соопштение на морнарицата.
BREAKING: 2 military helicopters crash after mid-air collision in Malaysia, killing all 10 people on board pic.twitter.com/4afNggr0x9
— BNO News (@BNONews) April 23, 2024
Сите жртви починале на лице место, а посмртните останки се испратени на идентификација, пренесува АП.
Седум членови на екипажот се наоѓале во поморскиот оперативен хеликоптер AV139, соопшти морнарицата. Тој авион е произведен од „AgustaVestland“, подружница на италијанскиот одбранбен изведувач Леонардо.
Тројца други членови на екипажот се наоѓале во лесниот хеликоптер „Фенек“, произведен од европскиот мултинационален одбранбен конгломерат „Ербас“.
Локалните медиуми објавија дека AV139 удрил во спортски комплекс во поморската база, додека „Fennec“ удрил во блискиот базен.
Морнарицата соопшти дека ќе започне истрага за да се утврди што ја предизвикало несреќата.
Македонија
Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори
Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори на 24 април.
Како што е објавено на веб страницата на ДИК, заклучно до 19 април, акредитирани се 342 домашни и 568 странски набљудувачи и преведувачи, од кои најбројни се од ОБСЕ/ОДИХР.
Парламентраните избори во земјава ќе ги следат над 2000 домашни и странски набљудувачи.
Изборите за шеф на државата ќе ги следат и странски новинари.
Седмите претседателски избори во земјава ќе се одржат на 24 април, а евентуалниот втор круг заедно со парламентарните на 8 мај.
Свет
Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење
Санкциите на Европската унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран по нападот на Иран врз Израел, се „за жалење“ бидејќи Иран дејствуваше во самоодбрана, изјави иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан.
Тој во објава на платформата Х, напиша дека е „за жалење“ што ЕУ толку брзо одлучува да спроведе уште по „незаконски рестриктивни мерки против Иран“, само затоа што Иран го искористи правото на самоодбрана, по, како што наведе, „непромислената израелска агресија“, пренесува Ројтерс.
На 13 април, Иран истрела повеќе од 300 беспилотни летала и проектили кон Израел, велејќи дека тоа е како одмазда за израелскиот бомбардирање на иранскиот конзулат во Дамаск, во кој загинаа 13 лица.