Црна хроника
Тетовец бесправно изградил викендичка на Попова Шапка
Тетовец доби кривична пријава за бесправно градење на државно земјиште. Како што соопшти МВР, А.Р. минатата година на Попова Шапка без документација си изградил викендичка на државно земјиште.
„Во текот на минатата година на Попова Шапка, на место викано Јелак, пријавениот во својство на инвеститор без да поседува соодветна документација изградил викенд-куќа на државно земјиште. На 11.1.2021, овластени службени лица од Попова Шапка на наведеното место забележале градежни работници како изведуваат градежни работи. Истиот ден, увидна екипа при СВР Тетово извршила увид на местото на настанот за што била изготвена документација“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје
Синоќа во 20.45 часот во Полициската станица Аеродром, К.И.(48) од Скопје пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден околу 14.20 часот во Полициската станица Карпош, Б.Р.(54) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк во Скопје бил каснат од куче скитник.
Вчера во 15.45 часот во Полициската станица Драчево, А.Н.(52) од Скопје пријавил дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Возило излетало од патот Куманово – Скопје, возачот тешко повреден
Синоќа во 19.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Скопје, кај с.Ново Село, кумановско, патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.З.(20) од Куманово, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Црна хроника
Приведени крадци во Битола
Вчера, во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода К. Б. (30) и Н. Б. (41), двајцата од Битола.
При претрес во домот на К. Б., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари во разни апоени и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело тешка кражба по член 236 од Кривичниот законик.
А при претрес во домот на Н. Б., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело тешка кражба по член 236 од Кривичниот законик.