Црна хроника
Тетовец загина во Струмичко, додека пешачел го удрил мотоцикл
Во струмичката полиција синоќа (4 јуни) околу 22 часот бил пријавен трагичен сообраќаен инцидент кај селото Владиевци.
Според пријавата, во близина на крстосницата со патот кој води за селото Сушево, мотоцикл „јамаха“ со штипска регистрација, управуван од Т.Т. (50) од Радовиш, удрил во 70-годишен пешак со иницијали К.Ѓ. од селото Милетино, општина Брвеница – Тетово.
Пешакот починал на самото местото, а смрт констатирала екипа од Медицинскиот центар Струмица. Мотоциклистот се здобил со повреди и бил пренесен во болница.
Увид на местото извршила екипа од струмичката полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.