Црна хроника
Тетовец измамил околу 40 луѓе дека нивни блиски загинале во сообраќајки и барал пари за транспорт
Тетовец измамил десетици луѓе дека нивни блиски загинале во сообраќајна несреќа и да му испратат пари за транспорт.
„ Р.М. се сомничи дека во јануари, март и април годинава со лажно прикажување на факти измамил лице од Охрид и двајца српски државјани и противправно се стекнал со вкупна имотна корист од 2210 евра. На оштетените телефонски или преку пораки им се јавувал дека нивни блиски загинале во сообраќајни несреќи и дека преку друго лице треба да му испратат пари за транспортни или други трошоци“ соопшти МВР.
Р.М.(44) и претходно бил кривично пријавуван дека на идентичен начин досега вкупно измамил четириесетина лица од нашата земја и од Косово, Србија и Албанија.
Тој е приведен и денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.