Црна хроника
Тетовец нелегално емитувал телевизиски канали, имал цела листа на корисници
Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 37-годишниот Б.А. од овој град поради сомнение за сторено кривично дело повреда на авторски и сродни права.
Како што информираат од МВР, пријавениот, во текот на 2021 година, преку компјутерски средства, неовластено објавил, прикажал, дистрибуирал, емитувал и нудел услуги на крајни корисници поврзани со пристап до програмски сервис, без да биде лиценциран оператор, заведен во регистарот на даватели на вакви услуги.
На 25 јули годинава полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени три преносни компјутери на кои имало елементи кои потекнуваат од кривичното дело.
Имено, на преносните комјутери преку интернет-пребарувач било пристапувано и биле користени портали за продавање на IP ТV програми, а на еден компјутер бил пронајден и список со активни корисници на неговите услуги.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.