Црна хроника
Тетовец ја скокна оградата и нападна фудбалер на теренот
Осумнаесетгодишен тетовец е приведен на фудбалски натпревар поради напад врз гостински фудбалер.
„Полициски службеници на СВР Тетово на 1 октомври во 17 часот и 25 минути, во продолжението од фудбалски натпревар Тетекс-Каменица Саса, го лишиле од слобода Н.А.(18) од Тетово, кој ја прескокнал оградата од главната трибина и физички го нападнал гостинскиот фудбалер Б.С.(38) од Пробиштип“, соопшти МВР.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.