Црна хроника
Тешка сообраќајна несреќа во Струга, повредени четири лица од кои две се деца
Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера на улиците Владо Малески и Пабло Неруда во Струга, при што 4 лица со повреди завршија во болница, од кои две се малолетни.
Како што информираат од полицијата, незгодата се случила помеѓу две возила „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувани од Б. Б. (19) од Заграчани и Р. И. (59) од селото Калишта.
„Тешки телесни повреди добила малолетничка – сопатник во второто возило, која е пренесена на Ургентниот центар во Скопје. Телесни повреди добиле двајцата возачи и едно малолетно лице, констатирани во Општата болница во Струга“, соопшти МВР.
На местото на незгодата увид извршија јавен обвинител и полициски екипи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.