Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист во Скопје
Четириесет и седумгодишен мотоциклист од Скопје со тешки повреди бил пренесен во болница по сообраќајната несреќа што се случила вчера на Качанички пат.
Според информациите на МВР, несреќата се случила околу 15.45 часот кога С. М. (47) од Скопје, со мотоцикл „кавасаки“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата тој добил тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.