Црна хроника
Тешко повреден пешак од Кавадарци, во него удриле возило и мотоцикл и побегнале
Вчера било пријавено дека околу 16,30 часот на крстосницата од ул.Васил Ѓоргов и ул.Народен Фронт во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која со тешки телесни повреди се здобил пешакот Д.Ј. (36) од Кавадарци, а според пријавеното, во него удриле патничко возило и мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, кои по незгодата го напуштиле лице местото.
Д.Ј. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат надлежните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.