Црна хроника
Товарно возило изгубило контрола, ја пробило оградата и паднало во реката Вардар, информира ЦУК
Секторот за операции и координација на ЦУК, информира дека околу 18:00 часот товарно возило, движејќи се на регионалниот патен правец с.Зелениково-с.Таор, изгубило контрола ја пробило оградата и паднало во реката Вардар.
Градоначалникот на Општина Зелениково, Коста Маневски, со своите соработници веднаш излегле на терен и направиле соодветно одбележување на оштетениот мост, што претставува потенцијална опасност за движење на возилата и пешаците коишто поминуваат по него.
„Од страна на Секторот за операции и координација на ЦУК во координација со Градоначаникот на Општина Зелениково известени се Јавното претпријатие за оддржување на магистралните и регионалните патни правци се со цел за превземање на мерки и активности во нивната надлежност“, велат од ЦУК.
Им било посочено дека е потребно итно да се излезе на местото на настанот за да се постави соодветно одбележување и сигнализација, а во најкраток можен рок да се изврши санација на оштетената ограда се со цел да не дојде до несакни последици врз возилата и населението.
„Екипата на ЈП за одржување на магистралните и регионалните патни правци во моментот се на терен, вршат увид и постапуваат соодветно нивните надлежности. Инаку, за сега, според информациите од терен, нема жртви при настанот“, информира ЦУК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.