Црна хроника
Триесетдневен притвор за возачот осомничен дека усмрти полицаец
Судот му определи притвор на С.Ј. (40) од Пелинце, кој е осомничен дека усмрти полицаец во сообраќајна несреќа што се случи на 21 април, соопшти МВР.
Тој е осомничен за кривични дела – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.
„На 21 април, на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, патничко моторно возило управувано од осомничениот удрило во двајца полициски службеници. Од тежината на повредите на самото место еден од полициските службеници починал, а другиот добил телесни повреди. Возачот потоа, продолжувајќи со управувањето, со возилото удрил во друго патничко моторно возило, во кое биле три лица и на сите им нанел телесни повреди. Возилото продолжило со движење, но од брзината и ударите се превртело, при што и осомничениот добил телесни повреди“, соопштија од Обвинителството.
Претходно од кумановското Обвинителство соопштија дека осомничениот бил под дејство на алкохол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.