Црна хроника
Три автомобили се судрија кај Делчево, повредени неколку лица
Синоќа на магистралниот пат А-3 Штип-Делчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило ,,голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.М.(34) од селото Облешево, патничко моторно возило „тигуан“ со кочански регистарски ознаки, управувано од К.Ј.(27) од селото Мојанци и патничко моторно возило „ауди А4“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(34) од Виница.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото моторно возило ,,голф“ М.М., а сопатниците во патничкото моторно возило ,,тигуан“ С.Ј.(51) и Ж.Ј.(47) и двајцата од с. Мојанци се здобиле со телесни повреди, констатирани од лекар во Општата болница-Кочани, соопшти МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР-Кочани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.