Црна хроника
Три возила опожарени во Скопје
Три возила се опожарени во четврток вечер на две локации во Скопје, информираат од МВР.
Во 22,50 часот, во Скопје на бул.„8-ми Септември“, опожарени биле „голф 2“ со скопски регистерски ознаки кое било целосно опожарено и „пасат“ со скопски регистерски ознаки сопственост на Н.Н. кое било делумно опожарено.
Увид ќе се врши во петок.
Во четврток нешто пред полноќ во Студеничани-скопско опожарен бил „опел вектра“ со скопски регистерски ознаки сопственост на А.Р. (32) од Студеничани, кое од засега непознати причини било опожарено во предниот дел.
Инаку сопственикот не барал да се врши увид. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.