Црна хроника
Три килограми марихуана, 139 семки канабис и кокаин пронајдени во Струга
Струшката полиција во три одделни контроли пронашла и одзела 139 семки канабис, три килограми марихуана и ќесе со кокаин.
СВР Охрид денеска соопшти во близина на граничниот премин „Ќафасан”, полициска патрола од ОВР Струга, пронашла и одзеде ќесе со околу три килограми марихуана.
„Ќесето го пренесувале две лица кои, откако ја забележале полициската патрола, ја фрлиле и побегнале на албанска територија. Се работи на расчистување на случајот“, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Исто така полициски службеници, со судска наредба извршиле претрес во домот на К.П.(47) од Струга, заради основано сомнение за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
„При претресот во домот на К.П пронајдени и одземени се 139 семки од растението канабис сатива, четири стебла, две метални дробилки и други предмети со остатоци од марихуана. К.П. е лишен од слобода, предметите се одземени, а по целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава“, појасни Димоски.
Во последниот случај синоќа во 21:15 часот, при контрола извршена на улицата „Владо Малески”, полицијата во паркиран автомобил кај лицето С.Ј. (30) од Скопје, пронашле ќесе со кокаин. Дрогата била одземена, а против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.