Црна хроника
Кривични пријави против тројца скопјани за продажба на оружје и дрога
СВР Скопје поднесе две кривични пријави против 21-годишниот В.М. и 38-годишниот З.Т., двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, и против 25-годишниот С.Ч., исто така од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Пред четири дена, како што соопштија од МВР, полициски службеници извршиле претреси
во домовите на пријавените.
Кај првопријавените во домовите биле пронајдени пиротехнички средства, бојни куршуми, гасен пиштол и 28 куршуми за гасен пиштол. Додека, како што соопштија од МВР, кај третопријавениот била пронајдена и одземена кеса со марихуана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера вo 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Методија Андонов- Ченто“ со сервисна улица која ги поврзува клучка Ченто и бул.„Александар Македонски“ М.Н. (22) од с. Арачиново,скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Н., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовчанец агресивно се однесувал со полицаец кој вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера во 18.45 часот полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ.Ј.(37) од Тетово, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник кој вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.