Црна хроника
Три лица од Просениково му ја запалиле влезната врата на маж од Василево
Три лица од Просениково, Струмичко, со запалива течност му ја запалиле влезната врата на маж од Василево.
„На 29.8.2022 во 2:10 часот во с. Василево, Струмичко, од полициски службеници од СВР Струмица лишен од слобода е И.М.(31) од с. Просениково, Струмичко, затоа што во Полициска станица Струмица А.В.(53) од с.Василево пријавил дека околу 1:00 часот И.М., заедно со Б.В. и В.Р., сите од с. Просениково, кои ги познавал, со запалива течност предизвикале пожар на врата од негова куќа во с. Василево“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.