Црна хроника
Три момчиња под истрага за разбојништво, маскирани нападнале жена и ѝ се заканувале со нож
Три момчиња се под истрага за разбојништво, откако маскирани нападнале жена и ѝ се заканувале со нож во селото Рибарци.
Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица, за кои постои основано сомнение дека во соизвршителство сториле кривично дело разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничените на возраст од 26, 21 и 19 години, на 27.06.2018 година во селото Рибарци, претходно договорени и маскирани со црни чорапи на главите, отишле пред куќата на една оштетена. Со нож ја пресекле заштитната мрежа за инсекти на прозорецот од гостинската соба на куќата, го отвориле прозорецот и влегле внатре. Притоа ја фатиле оштетената за рацете и за устата за да не вика и со употреба на опасно оружје, нож во должина од околу 30 см, ѝ се заканиле дека непосредно ќе нападнат врз нејзиниот живот и тело. Додека едниот од осомничените ја држел оштетената, другите двајца пребарувале низ собите и одзеле женска кожена чанта во која имало банкноти од различни валути и други вредни предмети, во вкупна вредност од 67.000 денари.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за двајца од осомничените, додека за третиот предложи мерка куќен притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Казни за 140 возачи, возеле над дозволеното
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 140 возачи.
Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 54 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.