Црна хроника
Тројца обвинети за насилство во гостиварско Сенокос
По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинение против три лица за извршено насилство. Според информациите, тие без причина претепале едно лице и со нож му нанеле убодна рана.
„Обвинетите на 3 јануари, во селото Сенокос, како соизвршители во група извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста на друг, а во јавноста предизвикале чувство на несигурност и страв. Откако оштетениот го оставил својот автомобил пред салон за миење возила, од блиското кафуле излегол еден од обвинетите и без причина го нападнал со нож, нанесувајќи му една убодна рана во рамото. Веднаш потоа од кафетеријата излегле и другите двајца обвинети, кои започнале да го удираат со тупаници, клоци и дрвени палки по целото тело. Оштетениот бил префрлен во гостиварската болница, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди“, соопшти обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.