Црна хроника
Тројца од Радовиш не ги почитувале препораките – им се закануваат глоби
Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе предлози за издавање казнен налог против три лица кои не постапиле според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Двајца од обвинетите, спротивно на одлуката на Владата за забрана и посебен режим на движење, со која се забранува движење на населението од 21 до 6 часот, со „ситроен“ се движеле по булеварот Александар Македонски, каде што биле запрени од страна на полициски службеници на полицијата. Обвинителството му предложи на судот на обвинетите да им изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби.
Третиот обвинет, откако на 18 овој месец допатувал со товарно возило од Грција – земја со среден ризик со зараза, во согласност со листата на Светската здравствена организација, на граничниот премин Богородица бил запознаен со мерката за задолжителна самоизолација во согласност со одлуката за мерки за спречување внесување и ширење на коронавирусот. На 20 март ја прекршил мерката за самоизолација и при извршена проверка од страна на полициски службеници на МВР ПС Радовиш не бил затекнат во својот дом. Обвинителството за овој обвинет предложи да му биде изречена парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја во висина од 20 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.