Црна хроника
Тројца повредени во Куманово – возило удрило во столб, па во паркирано возило и во пешак
Три лица се повредени во Куманово кога автомобил удрил во бетонски столб, потоа во друго паркирано возило и на крајот удрил во пешак. Според полицијата, несреќата се случила вчера околу 7 часот во Куманово на улицата Тоде Думба.
Патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски таблички, управувано од Н.Ѓ. (74) од Куманово, удрило во бетонски столб и метална ограда, потоа во паркирано возило „сеат толедо“ со кумановски регистарски таблички, сопственост на Б.К. (37), и во пешакот Т.А. (71) од Куманово.
Во незгодата тешки телесни повреди добиле Т.А. и Б.К., кои, по укажаната лекарска помош во Општата болница во Куманово, биле препратени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Н.Ѓ. добил телесни повреди и укажана му била лекарска помош во Општата болница во Куманово. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Казни за 153 возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет мерки за користење мобилен телефон при возење.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.