Црна хроника
Тројца повредени во сообраќајка на автопатот Гостивар-Тетово
На автопатот Гостивар-Тетово вчера во непосредна близина на наплатната станица Тетово, И.А. (59) од Тетово управувајќи патничко возило „фолксфаген пасат“ со хрватски национални ознаки изгубил контрола над возилото, кое удрило во бетонски sид и се превртело.
Од незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото А.Б. (62) од Тетово, додека И.А. и деветгодишна сопатничка се здобиле со телесни повреди и со друго возило биле пренесени во тетовската клиничка болница каде што им била укажана помош.
А.Б. била задржана на лекување, додека И.А. и малолетничката биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата се повредени
Синоќа на булеварот Партизански одреди во Скопје мотоцикл „дукати“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.П.(27) од Скопје, удрил во пешакот Н.Ѓ.(30) од с.Рашче, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.