Црна хроника
Тројца починати при пад од бандера, од запалено ќебе и исчезнат
Во три одделни случаи тројца починале во изминатото деноноќие, при што маж починал при пад од бандера, баба починала од задушување од запалено ќебе, а дедо е најден починат покрај Брегалница.
Во средата, околу 12.30 часот во населба Рача во Охрид, С.Р. (42) од село Стрелци, кичевско, при работа паднал од бандера и се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Медицински центар Охрид. Поради сериозноста на повредите истиот бил препратен во Клинички центар Скопје, но набргу по пристигнување во Кичево починал. С.Р. бил вработен во фирма подизведувач за потребите на ЕВН, и во критичниот момент бил качен на бандера висока осум метри за да ги отстрани жиците. Бандерата се скршила во долниот дел по што Р.С. и бандерата паднале на земја. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Охрид.
По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе се врши обдукција.
Истиот ден, околу 8 часот во Росоман-Кавадарци, на ул. „Душан Кириќ“, во својот дом пронајдена е почината П.С. (80). Смртта е констатирана од страна на лекар без траги на насилство, а најверојатно настанала како последица од задушување од чад од запалено ќебе, кое било оставено на термо печка. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Кавадарци.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата е предадено на семејството за погреб.
Во 9.15 часот во Штип, на м.в.„Калимерово“ во близина на реката Брегалница, пронајден е починат Ѓ.П. (75) од Штип, кој на 07.02.2017 година бил пријавен за исчезнат од страна на неговиот син У.П. (49) од Штип. Смртта е констатирана од страна на лекар. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.