Црна хроника
Тројца тешко повредени во сообраќајка кај Дебар
Три лица се тешко повредени во сообраќајната незгода што синоќа во 18.30 часот се случи на регионалниот пат Струга-Дебар во близина на „Здружение на возачи“.
Поради сериозноста на здобиените телесни повреди, во болница „Св. Еразмо“ во Охрид префрлени се: Б.И.(34) од Струга како и Б.С.(38) и Н.С.(36) двајцата од струшкото село Лабуништа.
Тие по укажаната медицинска нега се задржани на понатамошно лекување.
Во сообраќајната незгода учествувале две патнички моторни возила со струшки регистарски ознаки „Мерцедес“, управувано од сега повредениот Б.И. и „Ауди“ управувано од Б.С. во кое, како сопатник била и сега тешко повредената Н.С.
Незгодата е случена во момент кога возачот на возило марка „Мерцедес“, движејќи се од правец на Дебар кон Струга, во близина на „Здружение на возачи“, не држејќи страна на движење, изгубил контрола врз движењето на возилото, преминал на спротивната-лева коловозна лента и директно удрил во предниот дел од автомобилот „Ауди“ кое се движело од спротивен правец.
По овластување на Јавниот обвинител, на местото на сообраќајната незгода, увид извршија полициски екипи од полициската станица за безбедност во сообраќајот од Струга. Притоа, полициски службеник вршеше физичко регулирање и наизменично пропуштање на возилата по регионалниот пат поради што немаше застој во сообраќајот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.