Црна хроника
Турски државјанин осомничен за обид за убиство во скопската чаршија
Скопското основно јавно обвинителство ќе покрене истражна постапка против 30-годишен турски државјанин осомничен за обид за убиство во старата скопска чаршија.
Како што информираат од обвинителството, осомничениот на 23 јуни, пред кафе-бар во чаршијата, се обидел да лиши од живот едно лице, по претходна расправија и физичка пресметка.
Турчинот и уште неколку други неидентификувани лица дошле на локацијата и го нападнале оштетениот, удирајќи го со тупаници по главата и телото.
Во еден момент осомничениот извадил пиштол и упатил три истрели кон оштетениот, нанесувајќи му повреди во десната потколеница.
Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоци или да се обиде да го доврши кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.