Црна хроника
Уапсени двајца скопјани поради производство и трговија со оружје и дрога
Секторот за внатрешни работи Скопје – единица за недозволена трговија уапси две лица од Скопје поради недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
По издадените наредби од Основниот суд Скопје 1 Скопје, биле извршени претреси во домовите на двете лица.
„При претресот кај едниот биле пронајдени околу 200 грама хероин, околу 500 грама марихуана, околу 20 грама кокаин, околу 100 грама хашиш, 10 таблети ‘екстази’, како и четири дигитални ваги, пиштол „екол“ со рамка, револвер, 20-ина куршуми во разновиден калибар, повеќе СИМ-картички, панцири, фантомки и лисици.
Во вториот претрес кај другото лице се пронајден еден пушкомитралез и марихуана“ соопшти МВР.
По целосно документирање, против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.