Црна хроника
Уапсени три лица во Тетово, нападнале полицаец
Три лица во Тетово се уапсени откако претходно нападнале полицаец. Според информациите на МВР, вчера во 17 часот од страна на двајца полициски службеници, во Тетово на кружен тек, во редовна сообраќајна контрола бил стопиран автомобил „шкода“ со швајцарски национални ознаки управувано од Р.Ќ (41) од село Слатино, со адреса на живеење во Швајцарија.
Во возилото покрај возачот се наоѓале и двајца сопатници Р. И(29) од с.Слатино, Б. Ш(25) од село Слатино. Од страна на полициските службеници од возачот било побарано да приложи документи за идентификација, но возачот одбил да се идентификува и започнал вербална расправија со полициските службеници, а потоа со двајцата сопатници во возилото и физички ги нападнале.
Трите лица биле совладани, приведени и задржани во полициска станица. СВР-Тетово презема мерки за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.