Црна хроника
Уапсени три лица, ограбувале луѓе на пазар во Гостиварско
Три лица приведени поради џебни кражби во Гостиварско. Полициски службеници, вчера, околу 12.30 часот, на улицата Иљо Антевски-Смок во Гостивар, ги уапсиле С. Р. (56) од Скопје и А. М. (40) и Х. А. (68), двајцата од Приштина, Република Косово.
Тројцата, вчера од 10 до 12 часот, на гостиварскиот голем пазар извршиле џепни кражби на М. М. (68) од гостиварското село Форино и на Б. Ш. (70) од гостиварско Дебреше.
Тројцата што се сомничат за десетина извршени кражби на паричници на гостиварското подрачје се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосното документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.