Црна хроника
Уапсен гевгеличанец, кај него била пронајдена еден и пол килограм марихуана
Денеска, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи го лишија од слобода Б. А. (21) од с. Миравци, Гевгелиско.
Имено, по претходно обезбедена наредба за претрес на дом и други простории издадена од судија на претходна постапка од Основниот суд Гевгелија, бил извршен претрес во домот на Б. А., при што биле пронајдени и одземени повеќе пакувања марихуана со вкупна тежина од 1,5 кг, дигитална вага и парични средства за кои постојат основи на сомневања дека потекнуват од продажба на марихуана.
Б. А. е приведен во Полициската станица Гевгелија, а од страна на СВР Струмица – ОВР Гевгелија, по целосно документирање на случајот, до надлежното Јавно обвинителство ќе биде поднесена соодветна пријава за сторено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.