Црна хроника
Уапсен готиварец кој требал да одлежи три години затвор
Полицијата информира дека вчера околу 11,30 часот, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово – Полициска станица Гостивар, во село Чегране, Гостиварско го привеле А.С.(46) осуден на тригодишна затворска казна за сторено кривично дело„ недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
По кусото задржување во Полициската станица Гостивар, А.С. предаден е во КПУ„Идризово“ за издржување на затворската казна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.