Црна хроника
Охриѓанец предизвикал сообраќајна незгода и насилно се однесувал полицијата
31-годишен охриѓанец е уапсен откога првин предизвикал сообраќајна незгода, а потоа насилно се однесувал кон оштетеното лице, но бил агресивен и кон полициските службеници.
Според МВР, вчера, во 20.30 часот, во СВР Охрид бил приведен и лишен од слобода Б. Н. (31) од Охрид.
Тој, претходно, на улицата Марко Нестороски во Охрид, со патнички автомобил „пежо“, со струшки регистарски ознаки, удрил во паркиран автомобил „шевролет каптива“, сопственост на Д. Т. (47) од Охрид, потоа физички го нападнал и со остар предмет му упатил закани.
Б. Н. бил агресивен и кон полициските службеници и се обидел физички да ги нападне.
По целосно расчистување на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетничка од Куманово нападната од соученик
Вчера велер во 21.32 часот во СВР Куманово, 36-годишната З.Ф. од Куманово, пријавила дека додека се враќала од училиште нејзината малолетна ќерка со остар предмет била нападната од нејзин соученик, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кривична против тетовец: ја држел својата снаа затворена во домот и ја тепал
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 73-годишниот А.К. од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и „загрозување на сигурноста“, извести МВР.
„Имено пријавениот, својата снаа ја држел затворена во домот, физички ја напаѓал во повеќе наврати и и нанел повреди“, соопшти МВР.
Црна хроника
Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош
Вчера, во 13 часот, во Полициската станица Карпош од Јавната установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник, 17-годишниот Ч. С., кој и претходно се оддалечувал и бил враќан, извести МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.