Црна хроника
Уапсен скопјанец, во неговиот дом биле пронајдени муниција и експлозивни материи
39-годишен скопјанец е уапсен откако полицијата во неговиот дом пронашла муниција и експлозивни материи кои обвинетиот неовластено ги поседувал.
При извршен претрес на 9 јули 2021 година, во домот на осомничениот во с. Љубин, овластените службени лица пронашле муниција и експлозивни материи кои обвинетиот неовластено ги држел. Пронајдени биле 50 куршуми калибар 7,65 мм, 50 куршуми калибар 9,00 мм ПАРА и 150 куршуми калибар 7,65х25 мм сите наменети за испалување од огнено оружје, 50 куршуми калибар 38Special наменети за палење од огнено оружје револвер и 31 куршум калибар 7,9 мм, 12 куршуми калибар 7,62х39мм, 1 куршум калибар 9мм ПАРА WIN и 2 куршуми калибар 9мм ПАРА сите наменети за палење од пушка и автоматско огнено оружје. Воедно, при претресот биле пронајдени и 23 експандирачки проектили со дијаметар 10мм и маса од 11,6 грама наменети за огнено оружје пиштол, пет експандирачки проектили со дијаметар 7,8 мм, од кои три со маса од 9.7 грама и два со маса од 10,7 грама наменети за ловна пушка и распрскувачки материи 246,43 кг малкучаден барут спакуван во две кутии.
Од страна на Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд веќе е поднесен Обвинителен акт против овој 39-годишен скопјанец поради сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Јавниот обвинител од скопското обвинителство до Основниот кривичен суд Скопје заедно со Обвинителниот акт доставил и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за осомничениот, сметајќи дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, посебни околности кои укажуваат дека обвинетиот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание на сведоци и особени околности кои го оправдуваат стравот дека обвинетиот ќе го повтори кривичното дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.