Црна хроника
Убиена жена во Гостивар, две лица со убоди биле пренесени во болница
Жена утрово е убиена во Гостивар, а две лица се повредени и пренесени на скопските клиники, кога им биле нанесени повреди со остар предмет.
Од СВР Тетово велат дека едно лице е приведено поради сомнеж за вмешаност во случајот.
„Утрово во 3:55 часот било пријавено во СВР Тетово дека има повредени лица на улицата „Илинденска“ во Гостивар и биле испратени полициски службеници кои констатирале дека повредена е 78-годишната С.Т. и сопружниците С.Р и Б.Р. Тие биле пренесени во болница каде највозрасната им подлегнала на повредите, а другите двајца биле пренесени на скопските клиники“, велат од полицијата.
Приведениот е на возраст од 46 години, а официјално се уште не се познати мотивите за убиството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.